„Марви продукција“ односно тимот од млади креативци кои веќе пет години самоницијативно продуцираат краткометражни и долгометражни филмови и серии имаат отворен повик за кратки филмови продуцирани од млади кои ќе се прикажат на третиот по ред „Марви филмски маратон“.
„Марви Филмски Маратон е настан кој е создаден за бинџање на филм, забава и дружба. Програмата која досега била исполнета само со Марви филмови, во ова трето издание ја прошируваме со нови кратки филмови создадени од млади филмаџии, студенти и таленти“, велат оттаму.
Повикот е отворен за млади филмаџии од 12 до 25 години, а делата треба да траат максимум половина час.
„Апликантите треба да се носители на сите авторски права, односно филмот да не содржи туѓи авторски дела како музика и логоа и да има македонски превод доколку има реплики и сцени на друг јазик“, велат организаторите.
Од „Марви продукција“ велат дека избраните филмови ќе бидат прикажани на тридневниот настан „Марви Филмски Маратон“ кој ќе се одржи летово во Младинскиот културен центар (МКЦ), а дополнуваат дека одбраните филмови ќе бидат прикажаи како дел од официјалната програма, а во рамки на филмскиот маратон се предвидени дискусии и награди.
Крајниот рок за аплицирање е 15 јуни, а апликантите треба да гo пополнат формуларот за аплицирање.
„Марви“ е тим од млади креативци кои раскажуваат приказни од нивното секојдневие, животот, нивните соништа и фантазии.
[Подкаст] YouThink: Генерацијата бушави „влагаат“ во филм надвор од комфорот на „Нетфликс“