Откако за краток период во август, на платформата Икс (Твитер) доцнеа линковите од вестите на медиуми како Ројтер, Њујорк Тајмс, оваа недела сопственикот Илон Маск објави дека „никој повеќе не чита вести“, посочувајќи дека на платформата ќе бидат тргнати линковите на медиумите, со цел луѓето повеќе да се задржат на Икс.
„На платформата најдобро е да се објавуваат долги текстуални објави (нишки)“, напиша Маск.
На Икс веќе стапија на сила промените, па линковите до вестите се тргнати, а се гледа насловот во текстуална форма и фотографијата на веста. Ваквите промени доаѓаат откако Маск посочи дека ќе ја „подобри естетиката“ на објавите, но и на платформата.
Овој потег најверојатно е обид од страна на компанијата да ги принуди корисниците да поминуваат повеќе време на Х и да ги поттикне да се претплатат на социјалната мрежа за да можат да објавуваат повеќе детали за вестите кои се објавуваат.
Во моментов не е јасно како оваа промена ќе влијае на рекламите на платформата за која Маск во јули соопшти дека има 540 милиони корисници месечно.
Илон Маск планира да ги отстрани насловите од вестите објавени на X (Твитер)