Развојната компанија за вештачка интелигенција „xAI“ во сопственост на Илон Маск, го претстави својот најнов модел на вештачка интелигенција „Grok 3“, за кој тврди дека е подобар од „ChatGPT“ на компанијата „OpenAI“.
Маск рече дека „Grok“ е најпаметниот модел на Земјата, а дека „xAI“, во тестирањата на перформансите во областа на науката, математиката и програмирањето, се покажа подобар од „ChatGPT“, како и од „Gemini“, „DeepSeek“ и „Claude“.
Милијардерот Маск, кој е исто така и директор на компаниите „Спејс икс“ и „Тесла“, во пренос во живо рече дека „Grok 3“ има „повеќе од десет пати“ компјутерска моќ во споредба со претходниот модел „Grok“.
„xAI“ потврди дека „Grok 3“ ќе биде достапен за премиум+ претплатниците на социјалната мрежа X и дека ќе биде дел од новата претплата наречена „SuperGrok“ која ќе вклучува пристап до мобилната апликација и веб-страница „Grok“.
Тврдењето на Маск дека „Grok“ има подобри резултати од „ChatGPT“, кое сè уште не е независно потврдено, дополнително го интензивира неговото ривалство со „OpenAI“ и шефот на компанијата Сем Алтман.