Актуелниот претседател на Белорусија Александар Лукашенко освои 80% од гласовите на вчерашните претседателски избори, што е далеку пред главниот ривал Светлана Тихановскаја која освои 9.9% од гласовите, соопшти белоруската изборна комисија, пренесе „Радио Слободна Европа (РСЕ)“.
По објавувањето на првичните бројки, Тихановскаја изјави дека не ги признава резултатите. „Им верувам на моите очи и гледам дека мнозинството е со нас“, изјави таа.
Поради сомнежи во изборна кражба и масовни нерегуларности илјадници граѓани излегоа на протести во Минск и други градови низ Белорусија. Демонстрантите се судрија со полицијата и безбедносните служби, а поголемиот дел од главниот град беше блокиран во обид да се спречат протестите.
Полицијата употреби солзавец во неколку делови на Минск за да ги растера демонстрантите.
Пацярпелыя ў Менску. ФОТАhttps://www.svaboda.org/a/30774673.html
Posted by Радыё Свабода on Sunday, 9 August 2020
Вот так выглядит центр Минска вечером 9 августа.Фото: Дмитрий Брушко, TUT.BY
Posted by Белорусский портал TUT.BY on Sunday, 9 August 2020
Жесткие стычки с ОМОНом в центре Минска. Люди толпой пытаются отбиваться от силовиков.
Posted by Белорусский портал TUT.BY on Sunday, 9 August 2020
Внимание! Видео содержит шокирующий контент.
Автозак сбил протестующего в Минске. pic.twitter.com/jeUVk3Vyl2
— Беларусь інфармацыі (@NEXTA_EN) August 9, 2020
„Асошиејтед прес“ пренесува дека Лукашенко вчера ги предупреди демонстрантите изјавувајќи „ако одите против нашата земја, или дури и на најмалиот начин се обидете да ја втурнете земјата во хаос и да ја дестабилизират, ќе добиете итен одговор од мене“.
Во текот на изборниот ден, полициски службеници и војници беа транспортирани во Минск каде го опколија градот и зазедоа позиции на стратешки места. Јавниот транспорт беше ограничен во главниот град во очигледен обид на властите да спречат протести.
Невладината организација „НетБлокс“ објави дека интернет поврзаноста низ целата земја е нарушена уште од раните утрински часови, а тоа влијаело на пристапот до платформите за социјални медиуми.
Претходно во текот на денот, гласачите формираа долги редици пред гласачките места низ источноевропската земја, но и низ амбасадите во странство.
Белорускиот сервис на РСЕ јави дека многу луѓе кои излегле на гласање носеле бели нараквици кои сигнализирале поддршка за опозицијата. Корисниците на социјалните медиуми, исто така, објавија фотографии од гласачи пред белоруските амбасади, влучително и во Москва, Берлин и Лондон како носат бели нараквици.
Како што пренесува хрватски „Индекс“ на претседателските избори немало претставници од Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) затоа што не биле повикани навреме.
Неколку земји членки на Европската Унија, вклучувајќи ја и Германија, ги критикуваа изборите затоа што двајцата најголеми ривали на Лукашенко, меѓу кои и сопругот на Тихановскаја беа притворени пред изборите.
Шеесет и пет годишниот Лукашенко кој го нарекуваат и „последниот европски диктатор“, со сигурност ќе го освои шестиот по ред мандат, но би можел да се соочи со нов бран протести поради огорченоста на јавноста од начинот на кој се решава пандемијата со коронавирусот, економската состојба и кршењето на човековите права.
Лукашенко е на власт од 1994 година, а странските набљудувачи проценуваат дека во Белорусија немало слободни и чесни избори веќе четврт век.