Илјадници луѓе вчера протестираа во Берлин поради високите кирии и станбената политика на Владата, пренесува „Н1“.
На протестите, кои се одржаа под силни безбедносни мерки, демонстрантите ја критикуваа Владата и упатија апел за спречување на зголемувањето на цената за станарина, но и побараа да се обезбедат станови за посиромашните граѓани.
Присутните носеа транспаренти и натписи на кои пишуваше „Да се бориме заедно против високите цени за станарина“ и „Национализирајте ги станбените компании“.
Еден од демонстрантите кој е жител на Берлин, рече дека цените на кириите во градот нагло се зголемиле и дека повеќе не може да се живее на тој начин, односно дека луѓето ќе бидат се посиромашни и посиромашни и дека тоа некако треба да се запре.
Протестот кој се одржа на плоштадот Потсдамер плац под слоганот „Против наглото зголемување на кириите – доста е“, беше органзииран од повеќе германски здруженија и групи граѓани.