Масовните отворени онлајн курсеви (МООК) го имаат потенцијалот директно и драстично да го сменат современиот свет на едукацијата.Во моментов бележат подем, се повеќе се прифатени од поширока публика и почнуваат да се признаваат како курс во традиционалните едукативни установи.
1.Часовите се достапни за секого
За разлика од часовите на факултет, каде поединецот треба да биде примен на одреден факултет, МООК се отворени за сите. Независно дали имате или немате завршено средно образование, можете да се запишете на сите видови часови достапни на веб. Ова ја менува целата динамика на постоечкиот образовен систем. Повеќе нема да треба да бидете ,,на училиште” за да се посветите на учењето на сите потребни предмети, туку можете да одите на училиште во времето кое вие ќе го одредите, и да се надградувате на начин кој вам ви одговара.
2. МООК нудат курсеви кои не се присутни во традиционалните колеџи
Доколку сте биле студент на факултет, сте забележале дека ако нема доволен број на студенти за некој изборен предмет, нема да можете да го следите предавањето и да полагате. Со МООК – оваа нема да ви се случи. Студенти од целиот свет се запишуваат на МООК, и никогаш нема да се случи немате предавања заради недоволен број на заинтересирани студенти.
3. На МООК нема да ве ,,избркаат” од настава затоа што има премногу студенти
Независно колку луѓе се запишани на курсот, ќе им биде дозволено да следат настава. Тоа е ,,масивниот” дел на МООК. Нема училница, а ресурсите за наставате се онлајн, па нема причина зошто некој студент кој е посветен на учење, да не може да ги следи предавањата. Во директен контакт, исто како на традиционалните курсеви на универзитетите, без ограничување во бројот на студентите кои можат да следат настава онлајн – од 100 до 10.000 ученици можностите се неограничени.
4. Помали трошоци
Како што знаеме, трошоците за универзитетското образование рапидно и константно се зголемуваат, и како што стојат работите, мали се шансите да се намалат или да останат на истото ниво. МООК се ,,нова приказна”, нудат достапно образование за сите што сакаат да учат, со мали трошоци, без школарина. Ова ќе го отвори образованието за сите луѓе кои во стандардни услови не би можеле да си дозволат да студираат.
5. Можете да следите настава од дома
Заради фактот што часовите се нудат онлајн, луѓето ќе можат да ги следат часовите од таму од каде што сакаат и кога сакаат. Можете да следите настава од кревет, од хотелска соба или од локалната кафетерија, од секаде каде имате интернет, без ограничувања.
Проверете ги следниве веб страници и изберете МООК кој ќе ви овозможи да го надградите знаењето и да напредувате во кариерата.
www.chegg.com www.coursera.org www.github.com/edX www.udacity.com
Преземено од Факултети