Долго време помеѓу математичарите лебдеше прашањето „дали постои облик, кој кога ќе се подреди во низа каде се преклопува до бесконечност, нема да се повторува“. Оваа мистерија сега конечно е решена.
Математичарите велат дека го откриле тоа што го бараат – облик со 13 страни кој го нарекоа „шапката“. Откритието главно било направено од Дејвид Смит, чие хоби е математиката и имал долгогодишен интерес во овој проблем.
„Прилично сум упорен, но претпоставувам дека имав и одредена доза на среќа“, изјавил Смит за Гардијан.
Во природата и во нашите тоалети ние типично гледаме шаблони во низи кои се повторуваат на многу предвидлив начин, објаснува д-р Крег Каплан, вонреден професор по компјутерска наука на Универзитетот Ватерло во Канада. Она што математичарите ги интересирало е дали постојат облици кои гарантираат непериодичност. Со други зборови, да не може да се направи низа од овие облици која ќе се повторува.
Таквиот облик е познат како апериодичен монониз, или „ајнштајнов облик“.
Кога Смит конечно го нашол обликот, го контактирал Каплан. Заедно тие работеле на потврда за тоа дека „шапката“ навистина е „ајнштајнов облик“, а во нивниот потфат им помогнале уште двајца други професори – д-р Чаим Гудман-Штраус, математичар од Универзитетот во Арканзас и д-р Жосеф Мајерс, софтвер девелопер во Кембриџ, Англија.
Нејасно е дали ова откритие може да придонесе за нешто надвор од светот на математиката, но според Каплан, постојат реални можности за примена во уметноста, дизајнот и архитектурата.
„Трката да се биде првиот човек со фотографија од подот на нивната бања направена во низа на „шапки“ е во тек“, вели тој.
Смит додава дека овој облик може да помогне во проучување на структурите познати како квазикристали, а неговото откритие привлекло и многу интерес од други страни.