Математичка задача налути и збуни голем број британски средношколци. Загатката е дел од тест кој средношколците мора да го положат за да се стекнат со диплома за завршено средно образование и се однесува на девојче кое се вика Хана, нејзината торба со слатки и тешка равенка:
„Има n слатки во торбата. Шест од нив се портокалови. Остатокот од слатките се жолти. Хана зема слатка по случаен избор од торбата и ја јаде. Хана потоа зема друга слатка по случаен избор од торбата и ја јаде. Веројатноста дека Хана јаде две портокалови слатки е 1/3. Покажи дека n²-n-90=0“, се вели во задачата.
Некои од учениците биле толку изнервирани што своето незадоволство го искажаа на Твитер. Со цел да се намалат границите на оценките, беше направена и онлајн петиција. Средношколецот кој стои позади петицијата објасни зошто границите треба да се намалат.
„Илјадници млади луѓе кои денеска го имаа тестот сметаат дека е катастрофално тежок и особено нефер со оглед на тоа колку разумни тестови имаше претходните години. Ова не се должи на недостигот на напор, туку поради прекумерната тешкотија на тестот. Да бидеме фер, првата половина беше во ред, сепак потоа станува невозможно дури и за најспособните ученици“, вели ученикот.
Хаштагот #EdexcelMaths стана актуелен на Твитер откако голем број ученици ја изразија својата одбивност кон Хана и нејзините слатки, со доза на иронија.
Од Edexcel велат дека испитот е дизајниран од искусен тим на стручни наставници кои имаат големо разбирање на предметот. Тие се убедени дека тестовите се направени на соодветно ниво за тестирање на целиот спектар на способности на учениците.
Во продолжение, погледнете дел од шегите кои се најдоа на Твитер.
me on hannah’s sweets question #EdexcelMaths pic.twitter.com/lY9MjH3Tft
— holly (@ahhholly) June 5, 2015
Prove that n2-n-90=0 #EdexcelMaths pic.twitter.com/DvaXr9oFSL
— Niamh Hinchcliffe (@Niamheenoodles) June 4, 2015
Hannah ate all the sweets, find how N2-N-90=0 #EdexcelMaths http://t.co/rrlScUVt39
— Cameron (@CamMcGowan10) June 4, 2015
The #EdexcelMaths c2 and GCSE exams hardest things to ever hit the human race pic.twitter.com/pM0nrjtRS6
— Stuart Leslie (@StuartpjLeslie5) June 4, 2015
Why Hannah why do you have to have them sweets #EdexcelMaths pic.twitter.com/JPWhbQ6kuM
— Jigglypuff (@Kellinpenquinn) June 4, 2015