Околу 1,5 терабајт податоци се украдени при хакерскиот напад што го доживеа „Kadokawa Group“, матичната компанија и сопствениците на „FromSoftware“, кои во светот на гејмерите веќе изградија култен статус откако направија видео игри како „Dark Souls“, „Bloodborne“, „Sekiro“ и „Elden Ring“ .
Како што пренесува gg.mk, хакерскиот напад компанијата го почувствувала скоро во секоја гранка: издаваштво, дистрибуција, веб-услуги, трговија. Но, во моментов, „Kadokawa Group“ не се сигурни дали хакерската група има пристап до многу лични информации, каде спаѓаат и податоци главно поврзани со информации за картички.
Компанијата објави и официјална изјава околу хакирањето. Засега не е јасно дали ситуацијата на некој начин би влијаела на „FromSoftware“, но она што е потврдено е дека најмногу оштетена од нападот е „Niconico“, платформа за споделување содржина на компанијата.
Околу хакерскиот напад се јави и „Falcon Feeds“, платформа што се занимава со сајбер безбедност. Тие тврдат дека „Kadokawa Group“ биле жртви на хакерски напад од група наречена „BLACK SUIT Ransomware“, која планира да објави 1,5 терабајти доверливи информации на 1 јули, вклучувајќи договори, легални документи, информации од корисници и вработени, бизнис планови, финансиски извештаи и сл.
BLACK SUIT Ransomware Alert
– KADOKAWA Corporation
KADOKAWA Group is an entertainment company active in publishing, video, games, web services, education, and merchandise. They have now fallen victim to BLACK SUIT Ransomware. The group plans to release 1.5 TB of… pic.twitter.com/Ix0xN0XAsX
— FalconFeeds.io (@FalconFeedsio) June 27, 2024