Во општество кое секојдневно троши се повеќе енергија, постојано се бараат нови начини енергијата да се создаде. Добро е познато дека постојат евтини и обновливи, достапни извори на енергија, кои не можат да се патентираат поради својата природа (сонце, ветер). На научниците не им преостанува ништо друго освен да измислуваат начини да се искористи енергијата од релативно големата био-маса на планетата – човечката популација.
На годинешната технолошка конференција Nanotech, која традиционално се одржува во Токио, главна тема беше органската техологија и термоелектричната конверзија. Оваа технологија досега беше само сон за научниците, но компанијата Fujifilm успеа да создаде уред кој ја собира топлината од човековото тело и ја претвора во електрична енергија.
Материјалот кој служи за ова се витка и е многу тенок (0,4 милиметри), а дизајнерите сметаат дека првично може да се користи за полнење на медицински апарати, како пејсмејкерите, на пример. Термоелектричните конвертери треба да се наслонат на дел од кожата кој е релативно топол, додкеа другиот крај на уредот би бил приклучен на најмодерни соларни панели кои можат да полнат батерии со природно или вештачко светло.
Новата технологија, која ќе ги оствари предвидувањата од филмот Матрикс (луѓето да станат извор на енергија), наскоро ќе добие своја цена, а научниците сметаат дека најмногу ќе се користи за полнење на батерии и преносни уреди – смартфони или таблет-комјутери.