Матурантката Ана Марија Јованова од средното училиште СОУ „Димитар Влахов“, стана градоначалничка на Струмица за еден ден.
„Со Ана Марија денеска заедно ќе ги реализираме сите мои планирани активности во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и сите нејзини предлози и забелешки“, објави струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.
Преку соработката на Општина Струмица и Европска куќа, младите може да станат „Градоначалник на еден ден“ и активнот да се вклучат во локалните политики.
Отсега, секој прв понеделник во месецот, младите ќе имаат можност да бидат градоначалници на еден ден, дополни Костадинов.