Матурантите ширум Хрватска го прославија последниот училишен ден облечени во костуми и маици со смешни или духовити натписи.
Така, матурантите во Чаковец одлучија да се облечат како Фреди Меркјури од спотот за песната „I Want To Break Free“, па не им требаше долго време за да станат хит на Фејсбук, пишува Јутарњи.
Фотографијата собра повеќе од 11.000 лајкови, а многумина во коментарите им дадоа поддршка за идејата и не го криеја својот ентузијазам.
Нивните врсници исто така се потрудија, па на последниот училишен ден за хрватските матуранти на Фејсбук се споделуваат фотографии од пирати, стјуардеси, пилоти, навивачи кои го славеа крајот на еден важен период во нивниот живот.