Дваесетина мажи вчера маршираа низ главниот град на Авганистан, Кабул, облечени во сини бурки со цел да превлечат внимание за правата на жените во земјата, по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.
Калливите обувки се единственото нешто што било видливо под бурките, кои станаа синоним за опресивната талибанска власт во 1990-те.
„Што е поентата на ова?“, прашал еден сообраќаен полицаец по име Јавед Хаидари, 24. „Сите жени во моето семејство носат бурки и јас не би им доволил да излезат без неа“, додаде тој.
Но, 29-годишниот активист, кој се претставува под името Басир, тврди дека маршот кој е организиран од групата „Волонтери за мирот во Авганистан“- ги носи правата на жената „на улица“.
„Еден од најдобрите начини да се разбере како жените се чувствуваат кога носат бурка, е да се шетаме облечени во бурки“, вели тој.
Останатите мажи на маршот изјавиле дека носењето на бурката, која ја покрива индивидуата од главата до нозете со само една мрежа „прозорец“ на лицето е исто како „во затвор“.
Тие носеле транспаренти на кои пишувало „еднаквост“ и „не им кажувајте на жените што да носат, вие треба да си ги покриете очите“.
„Денешните протести против бурките се западен потег“- изјавил еден маж. „Жените не треба да бидат прелажани од овој потег, бидејќи Исламот им ги дава најдобрите права на жените.“
И покрај тоа што е симбол на Талибанците, употребата на бурки останува вообичаена во голем дел од Авганистан, особено во руралните средини каде што организациите за човекови права велат дека жените се уште се под закана од насилство и злоупотреба.
„Human Rights Watch“ тврди дека многу противници на женските права го користеле слабиот меѓународен интерес за земјата за да го уназадат големиот дел од напредокот кој е постигнат по падот на Талибанците.
Извор: Independent