Само третина од јавните институции во Северна Македонија имаат жени на функциите директор, в.д. директор или заменик директор, покажа новиот извештај на Центар за управување со промени.
Од вкупно 252 институции кои биле анализирани најголема родова разлика постои кај јавните претпријатија, каде дури 95% од директорите се мажи, а жените единствено се позастапени од мажите на директорските функции во институциите од социјалната заштита.
Во регулаторните тела, од 6 институции кои одговориле на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, сите ги предводат мажи, а иста ситуација е и во 5 казнено поправни установи кои испратиле податоци.
Подетални информации погледнете на инфографикот во продолжение:
Даниел Евросимоски