Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Што да правам кога сум затворена меѓу 4 ѕида? Ова не е темпото на живот на кое сум навикната. Што ли носи утрешниот ден?“. Ова се прашања што секојдневно си ги поставуваат младите, откако беа затворени училиштата и факултетите поради епидемијата на новиот коронавирус, вели Ивона Минчева, студентката по психологија и членка на иницијативата S.H.A.R.E.
Според Минчева, луѓето се социјални битија кои имаат потреба од чувствување блискост со останатите луѓе, од контрола врз случувањата и соодветно донесување одлуки. Но, одеднаш, тие се соочуваат со новонастаната и непозната ситуација, врз која немаат контрола, па оттука видливо е чувството на страв и анксиозност.
„Пролонгиран период на изолација, каде секојдневието е непроменето може да доведе до ирационално донесување на заклучоци, негативни емоции, па дури и до избледување на реалноста“, додава таа.
Ивана Маринчек, лиценциран психолог-психотерапевт во „Психотерапика“, смета дека преплавеноста со информации за пандемијата за многумина е особено стресна, особено поради соочувањето со непознатата закана и нејзината непредвидливост. Таа вели дека преплавеноста дополнително се зголемува поради сеприсутноста на темата во секојдневните разговори.
„Дополнителен стрес на кој се изложени младите, заедно со сите други, е постојаната бомбардираност со различни, честопати контрадикторни информации од најчесто непроверени извори. Затоа правилната информираност е важна, но истовремено е важно да си дадеме простор да се исклучиме од постојаната преплавеност со информации кога тоа ни е потребно“, укажува Маринчек.
Во време на изолацијата, затворени се сите образовни институции. Во средните училишта не се одржуваат предавања, а средношколците немаат никакви информации за онлајн предавања.
„Немаме никакви информации, наводно утре или задутре ќе има информации од Министерството за образование. Некои професори на своја рака ни праќаа нешто да читнеме, нешто за домашна, меѓутоа не знаеме што се случува. Можам да зборувам за мене, јас полудувам. Ме јаде одвнатре мојата непродуктивност. Знам дека да не беше оваа ситуација, ќе бев многу попродуктивна. По дома веќе нема што да се прави. И филмовите и сериите стануваат премногу монотони“, вели Ева Стојчевска, средношколка од скопската гимназија Никола Карев.
Радмила Живановиќ, психолог и психотерапевт од „Психотерапика“, вели дека изолацијата, особено кај млад човек изгледа како секојдневно соочување со нешто кое е подготвено да ги сруши сите правила и прописи за да докаже дека тие се застарени и да го собори системот на верувања.
„На тој начин младите покажуваат колку вредат и кое влијание го имаат врз околината, така се чувствуваат корисни, не секогаш по сопствен бенефит, и најчесто по своја штета“ додава таа.
Воспоставување на нова дневна рутина за променетото секојдневие
„Во текот на овој период, голем број од аспектите на секојдневниот живот на младите се променети. Променета е целата нивна дневна рутина при што недостига предвидливоста на денот и дневните активности, што за многумина е голем фактор на стрес. Силно негативно влијание има и физичката изолираност од врсниците и од врсничката мрежа на поддршка, која за младите е исклучително важна. Голем фактор на стрес и зголемена фрустрација е физичката одделеност од саканата личност за сите млади кои се во врска“, забележува Ивана Маринчек.
Таа смета дека во овој вонреден период важно е младите да пронајдат соодветен систем на поддршка за себе и начини за комуникација. Според неа, социјалните мрежи кои младите ги користат, во овој период се од особена важност во одржувањето на контактот со нивните врсници и врсничкиот систем на поддршка.
„Затоа од голема важност е што поскорото креирање и воспоставување на нова дневна рутина исполнета со целосходни активности кои ќе му овозможат на младите да креираат нова поддржувачка структура во променетото секојдневие“, додава Маринчек.
Предавањата и на факултетите беа одложени, а кај многу од факултетите недостига иницијативата за онлајн часови.
„Досега само тројца професори н ѐ имаат контактирано во врска со материјалот и имаме еден закажан час на 24-ти месецов. Верувам и дека останатите ќе н ѐ контактираат наскоро ако продолжиме со изолацијата“, вели Сања, студентка на Природно математичкиот факултет.
Студентката Ивона Минчева, истакнува дека е забележителна и загриженоста на студентите во врска со нивните студии.
Таа потенцира дека немотивираноста за совладување на материјалот се јавува како последица на недостатокот на социјализација во време на карантин, како и неможноста за интеракција со луѓе и учење во групи. Токму затоа, додава, потребно е да се користат веќепостоечките онлајн платформи за интерактивна настава како алатки за успешно совладување на материјалот.
„Свесна сум дека е навистина тешко да се одржи оптимално ниво на оптимизам и задоволство во моменти на паника, претрупани со информации и негативни мисли, но баш затоа ве охрабрувам да бидете посилни од неизвеноста која е неминовна во даденава ситуација. Бидете си поддршка на самите себеси, но и на луѓето околу вас. Користете го правилно времето кое го имате на располагање и секојдневно поттикнувајте се на различни предизвици“, вели Минчева.
Со уметноста, дебата, креирање… во борба против анксиозноста
Психологот Живановиќ смета дека младите се доста комотни со новите технологии, дека тие ги користат ресурсите што им се нудат, дека онлајн комуникацијата и не им е непозната, па оттаму тие се инвентивни, креативни, и лесно се адаптираат и користат иновации.
„Тие треба живеењето во чудни времиња да си го постават како предизвик, за тоа да не ги загушува туку да ги провоцира на активност“, дополнува таа.
Како можно решение ги споменува проективните техники кои може да се практикуваат како уметноста, креирањето, музицирањето, миксањето, новите изрази и мултимедијалноста. Но исто така, простор им дава и на експресивните техники како дебата, критичност, вербалното креативно изразување преку нови и провокативни форми, ексцентричноста, еколошка свест, емпатијата…
Нејзината колешка, Ивана Маринчек истакнува дека е неопходна грижата за своето ментално здравје. Притоа го наведува и користењето на сите техники на дишење, умерената физичка активност и вежбите во домашни услови. Таа смета дека важно е одржувањето на контактите, изборот на информации или активности кои смируваат, занимавањето со хоби, контактот со милениците, и секако со најблиското семејство.
Телефонска психолошка поддршка е достапна за сите граѓани
Пред два дена се отворија и трите телефонски линии за психолошка поддршка во време на изолација од страна на Клиниката за психијатрија. Психолошката поддршка ќе е достапна за родителите на деца од предшколска и школска возраст, возрасни лица во самоизолација и граѓаните од Дебар и Центар Жупа.
Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676
Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009
Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807Од Клиниката за психијатрија известуват дека Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот.
Директорот на Клиниката за психијатрија, Стојан Бајрактаров, за Радио МОФ препорачува младите и родителите полесно да се справат со стресот преку следење на образовните програми на ТВ каналите и многуте културни содржини кои станаа бесплатни во периодот за изолација.
„Телефоните за психолошка поддршка функционираат и се достапни за сите граѓани. На младите, а воедно и на родителите со деца во школска и предшколска возраст им се препорачува да ги следат едукативните програми достапни на телевизиските канали, а неколку општини најавија и онлајн предавања како мерка за изолацијата“, истакна Бајрактаров.
Ивана Смилевска
-
“Më ha nga brenda jo produktiviteti” – psikologë këshillojnë si të rinjtë të ballafaqohen me ankthin dhe stresin në izolim
“Çfarë të bëj kur jam i mbyllur në 4 mure? Kjo nuk është ritmi i jetës me të cilin jam mësuar. Çfarë do të sjellë e nesërmja?” Këto janë pyetje të cilat përditë i parashtrojnë të rinjtë, pasi u mbyllën shkollat dhe fakultetet për shkak të epidemisë së koronavirusit të ri, thotë Ivona Minçeva, studente e psikologjisë dhe anëtare e iniciativës S.H.A.R.E.
Sipas Minçeva, njerëzit janë qenie sociale të cilat kanë nevojë të ndjejnë afërsi me njerëzit e tjerë, kanë nevojë për kontroll mbi ngjarjet dhe marrja e vendimeve në mënyrë përkatëse. Por, përnjëherë, ata ballafaqohen me situatën e re të krijuar dhe të panjohur, mbi të cilën nuk kanë kontroll dhe së këndejmi edhe ndjenja e frikës dhe ankthit.
“Prolongimi i periudhës së izolimit, ku përditshmëria është e pa ndryshueshme dhe mund të rezultojë me vendime iracionale, konkluzione, emocione negative, madje edhe me shtrembërimin e realitetit”, shton ajo.
Ivana Marinçek, psikologe – psikoterapeutë e licencuar në “Psikoterapika” është e mendimit se fluksi i madh i informacioneve për pandeminë për shumicën paraqet stres të madh, në veçanti për shkak të ballafaqimit me kërcënimin e panjohur dhe pa para shikueshmërinë e saj. Ajo thotë se fluksi i madh i është rritur për shkak të prezencës më të madhe të temës në bisedat e përditshme.
“Stresi plotësues në të cilin janë të ekspozuar të rinjtë, së bashku me të tjerë, është bombardimi i vazhdueshëm me informacione të ndryshme, shpesh herë kontradiktore nga burime shpesh herë të pa kontrolluara. Prandaj informimi i drejtë është i rëndësishëm, por njëkohësisht është e rëndësishme të japim hapësirë të ç kyçemi nga fluksi i madh me informacione kur kjo na nevojitet”, sugjeron Marinçek.
Gjatë izolimit, janë mbyllur të gjitha institucionet arsimore. Në shkollat e mesme nuk mbahet mësim, ndërsa nxënësit e shkollave të mesme nuk kanë asnjë informacion për online mësim.
“Nuk kemi aspak informacione, me gjasë nesër ose pasnesër do të ketë informacione nga Ministria e Arsimit. Disa profesorë vetë na dërgojnë diçka të lexojmë, diçka për detyrë shtëpie, mirëpo nuk e dimë çfarë do të ndodhë. Mund të flas për vete, unë po çmendem. Më ha nga brenda jo produktiviteti im. E dimë se sikur mos ishte kjo situatë, do të isha shumë më produktive. Nëpër shpi nuk ka çfarë të bëhet. Edhe filmat dhe serialet bëhen shumë monotone”, thotë Eva Stojçevska, nxënëse e shkollës së mesme, gjimnazit Nikolla Karev.
Radmilla Zhivanoviq, psikolog dhe psikoterapeut nga “Psikoterapika” thotë se izolimi në veçanti te të rinjtë duket si ballafaqim i drejtpërdrejtë me diçka e cila është përgatitur të rrënojë të gjitha rregullat dhe dispozitat që të vërtetojë se ato janë të vjetruara dhe të përmbysë sistemin e besimit.
“Në këtë mënyrë të rinjtë tregojnë sa vlejnë dhe çfarë ndikimi kanë mbi mjedisin, ashtu ndihen të sigurt, jo çdo herë për përfitim të vet dhe shpesh në dëm të tyre”, thotë ajo.
Vendosja e rutinës së re ditore për përditshmëri të ndryshuar
“Gjatë kësaj periudhe, numër i madh i aspekteve të jetës së përditshme të të rinjve janë ndryshuar. Është ndryshuar e gjithë rutina e tyre ditore gjatë çka mungon parashikimi i ditës dhe aktiviteteve ditore, që për shumicën paraqet faktor të madh stresi. Ndikim të fuqishëm negativ ka edhe izolimi fizik nga moshatarët dhe nga rrjeti i moshatarëve për mbështetje, e cila për të rinjtë është me rëndësi të jashtëzakonshme. Faktor i madh stresi është edhe frustrimi i madh dhe largimi fizik nga personat e dashur për të gjithë të rinjtë të cilët janë në lidhje dashurie”, thotë Ivana Marinçek.
Ajo mendon se gjatë kësaj periudhe të jashtëzakonshme është me rëndësi që të rinjtë të gjejnë sistem përkatës të mbështetjes për vete dhe mënyra për komunikim. Sipas saj, rrjetet sociale të cilat i përdorin të rinjtë, në këtë periudhë janë me rëndësi të veçantë në mbajtjen e kontakteve me moshatarët e tyre dhe sistemet moshatare të mbështetjes.
“Prandaj është me rëndësi të madhe sa më shpejtë të krijohet dhe vendoset rutina e re ditore e plotësuar me aktivitete të dobishme të cilat do t’ju mundësojnë të rinjve të krijojnë strukturë të re mbështetëse në ndryshimin e përditshmërisë”, shton Marinçek.
Ligjëratat edhe në fakultetet janë prolonguar, ndërsa në shumë fakultete mungon iniciativa për onlajn orë.
“Deri tani vetëm tre profesorë na kanë kontaktuar në lidhje me materialin dhe kemi caktuar një orë më datë 24 të këtij muaji. Besoj edhe të tjerët do të na kontaktojnë së shpejti nëse vazhdojmë me izolimin”, thotë Sanja, studente në Fakultetin Matematiko – Natyror.
Studentja Ivona Minçeva, thekson se vërehet edhe shqetësimi i studentëve në lidhje me studimet e tyre.
Ajo thekson se nevoja për mësimin e materialit paraqitet si pasojë e mungesës së socializimit gjatë kohës së karantinës, si dhe pamundësia për ndërveprim me njerëzit dhe mësimin në grupe. Pikërisht prandaj, duhet të përdoren onljan platforma tani më ekzistuese për mësim interaktiv si mjete për mësimin e suksesshëm të materialit.
“Jam e vetëdijshme se është vërtet vështirë të mbahet niveli optimal i optimizmit dhe kënaqësisë në momente panik, jemi të ngarkuar me informacione dhe mendime negative, por pikërisht prandaj ju inkurajojmë të jeni më të fuqishëm nga pasiguria e cila është e patjetërsueshme në këtë situatë. Bëhuni mbështetje për veten, por edhe për njerëzit rreth ju. Përdorni në mënyrë të duhur kohën të cilën e keni në dispozicion dhe përditë inkurajoni veten më sfida të reja”, thotë Minçeva.
Me art, debat, krijim… në luftë kundër ankthit
Psikologu Zhivanoviq mendon se të rinjtë janë mjaft komod me teknologjitë e reja, se ata i përdorin resurset që ju ofrohen, se online komunikimin nuk e kanë të panjohur, dhe së këndejmi ata janë inovatorë, kreativ dhe lehtë përshtaten dhe i përdorin inovacionet.
“Ata duhet jetesën në kohë të çuditshme të vendosin si sfidë, që të mos i ngulfate por ti provokojë për aktivitet”, plotëson ajo.
Si zgjidhje të mundshme i përmendin teknikat pro aktive të cilat mund të praktikohen s arti, krijimi, muzika, miksimi, shprehje të reja dhe multi meda. Por gjithashtu, hapësirë u jepet edhe teknikave ekspresive si debati, kritika, shprehja verbale kreative nëpërmjet formave të reja dhe proaktive, sjelljes ekscentrike, vetëdijes ekologjike, empatisë…
Kolegia e saj, Ivana Marinçek thekson se nevojitet kujdes për shëndetin tonë mendor. Gjatë kësaj e thekson edhe përdorimin e të gjitha teknikave të frymëmarrjes, aktivitetit të matur fizik dhe ushtrimeve në kushte shtëpiake. Ajo është e mendimit se është me rëndësi mbajtja e kontakteve, zgjedhja e informacioneve ose aktiviteteve të cilat qetësojnë, hobit, kontaktet me manarë (kafshë shtëpiake) dhe sigurisht me familjen më të afërt.
Mbështetja telefonike psikologjike është e qasshme për të gjithë qytetarët
Para dy ditë u hapën tre linjat telefonike për mbështetje psikologjike në kohën e izolimit nga Klinika e psikiatrisë. Mbështetja psikologjike është e qasshme për prindër të fëmijëve të moshës parashkollore dhe shkollore, persona të rritur në vetë izolim dhe qytetarë të Dibrës dhe Qendër Zhupës.
Mbështetje psikologjike për prindër të fëmijëve të moshës parashkollore dhe shkollore – tel 072912676
Mbështetje psikologjike për persona të rritur në vetë izolim – tel 072919009
Mbështetje psikologjike për qytetarët e komunës Dibër dhe komunës Qendër Zhupë, në bashkëpunim me Spitalin e përgjithshëm Dibër tel 070 241 807
Nga Klinika për psikiatri njoftojnë se qytetarët mund të paraqiten në këto numra të telefonit nga ora 9 – 16.
Drejtori i Klinikës për psikiatri, Stojan Bajraktarov, për Radio MOF rekomandon të rinjtë dhe prindërit më lehtë të përballen me stresin nëpërmjet ndjekjes së programit arsimor në TV kanalet dhe shumë përmbajtje të tjera kulturore të cilat janë pa pagesë gjatë periudhës së izolimit.
“Telefonat për mbështetje funksionojnë dhe janë të qasshme për të gjithë qytetarët. Të rinjve, ndërsa njëkohësisht edhe prindërve me fëmijë të moshës shkollore dhe parashkollore ju rekomandohet të ndjekin programet edukative të qasshme në kanalet televizive, ndërsa disa komuna njoftuan edhe online ligjërata si masë për izolim”, theksoi Bajraktarov.
Ivana Smilevska