Ивана Маркоска е дизајнерка, илустраторка и 2Д аниматорка. Таа работи како графички дизајнер, но дополнително предава во Детскиот едукативен центар на Семос. Паралелно, работи и на „фриленс“ проекти со дигитални и традиционални илустрации.
„Обожавам да цртам детска илустрација, а ако морам да го опишам стилот, тоа би било најблиску до naïve art или art brut – уметност направена надвор од композициските конвенции“, вели таа за Радио МОФ.
Инспирацијата, вели Маркоска, ја црпи од природата и од детето во себе, па оттука во нејзините илустрации се забележуваат антропоморфни животни, растенија, печурки…
„Сакам да цртам со дух, едноставно, а колоритно и живо“, посочува таа.
Во неколку наврати досега Маркоска организираше акции со кои продаваше свои дела за хуманитарни цели, а во исто време на неколку организации од маргинализирани заедници им помага со визуелните идентитети во дигиталниот свет.
„Нешто кое ме прави среќна е да се обидувам преку уметност да бидам хуманитарно инволвирана“, вели таа.
Маркоска е уште една дизајнерка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините дизајни: