Програмата на фестивалот „Киненова“ продолжува до недела кога во 18 часот, поради голем интерес на публиката, репризно ќе биде прикажан филмот „Медена земја“.
Режијата е на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кинематографери: Фејми Даут и Самир Љума, монтажер/продуцент е Атанас Георгиев.
Програмата на „КинеНова“ продолжува до недела со фокус кон современата унгарска кинематографија и проекции на четири филмови во термините од 20 часот, а од 18 часот ќе има репризни проекции на филмовите од официјалната селекција за оние кои ги пропуштиле.
Вo сабота во репризниот термин од 18 часот, е проекцијата на грчкиот филм „Сожалување“ на Бабис Макридис. Во 20 часот ќе боде прикажан „Нежен син – прокетот Франкенштајн“ на унгарскиот режисер, Корнел Мундручо.
На програмата во недела од 18 часот ќе биде прикажан „Медена земја“, во 20 часот вториот филм на Мундручо, „Јупитеровата месечина“ и на крајот во 22 часот,08 рускиот „Човекот кој ги изненади сите“.