Во пресрет на изборите во САД во 2020 година, група на големи медиумски организации ќе соработуваат за да ги сузбијат лажните вести.
Коалицијата на медиуми ќе користи нова технологија за верификација, наречена Project Origin, со која ќе се става жиг на оригиналната содржина.
На тој начин, тие се надеваат дека измамниците нема да можат да манипулираат со насловите и да ги пренесуваат како вистинска вест од страна на некој од големите медиуми, како што некогаш правеле.
Во соопштението на Би-Би-Си стои дека со овој проект ќе се покажува дека вестите доаѓаат од официјален извор. Идејата е да им се помогне на луѓето да најдат доверба во вестите, но и да ја филтрираат лажната содржина.
Членови на коалицијата се и „Њујорк Тајмс“, „Си-Би-Ес“ и „Вашингтон пост“, како и Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, при што „Асошијетед Прес и „Вашингтон Пост“ ќе се приклучат оваа година.
Проектот ќе започне да функционира еден месец пред изборите во САД, кои се закажани во ноември.