Медиумски ден за средношколци во Радио МОФ

Радио МОФ беше еден од домаќините на осмиот Медиумски ден за средношколци.

Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и школото „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка влегоа и „ѕирнаа“ во редакцијата и радиото. Видоа како работиме, што работиме и зошто работиме.

Дознаа нешто за мисијата на нашиот медиум што годинава наполни 13 години, а разбраа и за етичките стандарди за кои се залагаме во борбата против дезинформациите. Исто така, слушнаа и зошто е важно како млади да бидат нонстоп активни и ангажирани, да ги кажуваат проблемите што ги мачат – јавно и гласно, за да може и новинарите да бидат нивниот медиумски гласник.

Воедно, дел од средношколците се испробаа и како водители и подкастери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Медиумскиот ден се организираше од Институтот за комуникациски студии (ИКС) во рамки на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“.