Покрај стандардните зони на фестивалот, оваа година, целиот простор за време на Д фестивал во Дојран ќе биде збогатен за уште едно ново катче наречено „Мега Џенга“.
Идејата за овој нов простор е на архитектката Тамара Чорбиќ. Таа победила на конкурсот наречен „Редефинирај го ПлоштАрт“ под мотото „Wonder in Wonderland“, кој се одржа за време на минатогодишното издание на Д-Фестивал.
„Тамара за себе вели дека сака да ја комбинира уметноста со наука и да изработува илустрации, рачни изработки и останати art & crafts производи, а нејзината фестивалска визија ова лето ни го носи новото катче уредено со дрвени греди кои овозможуваат модуларно седење и формирање на различни комбинации и форми.“, се вели во објавата на Д-Фестивал на Фејсбук.
Оваа година фестивалот се одржува од 12 до 14 јули, а како главни изведувачи се истакнуваат Napalm Death, Акуа Нару и Офенбах.