Недостаток на вода, загадена храна, празни полиња… Ако се отвори рудник, жителите од Иловица и Штука велат дека не само нивните села, туку и целиот Југоисток и воопшто државата ќе има последици.
Оттука, во оваа епизода на „Мегафон“, за важноста за зачувување на природата и самоорганизираноста на младите зборува 25-годишниот Мики Крстев од селото Штука, дипломиран правник и активист од иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот“.
„Овој рудник, ако се отвори, ние ќе немаме вода за пиење. Ние сме на едно трусно подрачје, кое, никој не ни гарантира дали ќе има земјотрес, дали ќе нема. Овде позади мене во планините има подземни води. Со секојдневно минирање, тие подземни води никој не може да гарантира дека нема да бидат загадени. Што ќе пиеме? Зошто да не се бориме, кога ќе немаме вода за пиење? Полињата ќе ни останат празни и тоа што ќе го има ќе биде канцерогено, ќе биде токсично. Што ќе јадеме, не само ние, цела струмичка котлина? Цела држава се храни од оваа котлина. Тоа беше главниот момент којшто не’ натера да се бориме, затоа што храната ни ја земаат“, вели младиот Крстев.
Бојан Шашевски и Мартин Колоски