Наместо гордо исправена, со превез на очите, со терезија и меч во рацете, Јустиција во Македонија е `рѓосана, искривена и со спуштени раце.
Вака божицата на правдата е прикажана на изложбата „Форми на системот“ на уметникот и правник Иван Аџиевски, каде токму во центарот се наоѓа оваа скулптура, заедно со 11 слики на кои се испринтани филозофски мисли и примери од судската практика.
Тој вели дека преку овие дела сака да покаже критика на коруптивниот, неправичен систем и да охрабри граѓанска акција за надминување на овој општествен проблем.
Изложбата беше отворена на 9 декември – Светскиот ден за борба против корупцијата и е поставена во КСП Центар-Јадро.
Даниел Евросимоски и Мартин Колоски