Активисти за права на животните и пратениците во Собранието изминатиов период подготвуваа нов предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните. Со него се предвидува задолжително чипирање и стерилизација на домашните кучиња, освен доколку сопствениците се одгледувачи и кучињата живеат во одгледувачници.
Новитет се и гробниците за кучиња кои треба да се планираат согласно деталните урбанистички планови на населените места.
Анастасија Точевска е активистика за правата на бездомните животни и една од основачките на здружението „Шепасти Ентузијасти“. Таа вели дека за да се намали бројот на кучиња на улица најважно е да се врши проверка дали домашните кучиња се чипирани и стерилизирани.
Ангела Бошкоска и Мартин Колоски