Во недела (30 април), од 13 часот на платото пред Офицерскиот дом во Битола по вторпат ќе се одржи Меѓународниот ден на џезот со настап на Оливер Самоуилан џез квартет.
Од КИЦ – Битола велат дека со настанот се приклучуваат кон големото семејство на џез културата.
„Соработката помеѓу францускиот џез музичар Оливиер Самоуилан со македонските џез музичари Поповски Сашо, Иван Бејков и Ратко Даутовски е континуитет на предходната соработка на Jazz Factory Festival. Џез музиката е универзален јaзик кој не познава граници, стилови, нации…Џез музиката е музичка синергија, која е во постојано движење, инспирација во од…Музика која зависи исклучително од духот и вештината на музичарите“, најавуваат организаторите.
Повеќе информации за настанот може да најдете на следниов ЛИНК.