Војната против дрогата која се води глобално е повеќе од очигледно дека не е успешна. Тоа е причината зошто „Глобална размена“ започнува натрпревар за видеозапис, како дел од караванот за „Мир, живот и правда“.
Видеозаписот треба да трае една до три минути, а темата е влијанието на војната со дрогата во заедницата и она што луѓето прават или не прават во врска со тоа. За учество потребно е да се постави видеото на YouTube и да се испрати на линкот на caravana2016@gmail.com до 8 март 2016 . Победниците ќе бидат објавени на 16 март 2016.
Целта на овој караван е да се отвори дебата за војна против дрогата, промовирање на парадигма во која активностите на владите не можат да бидат ограничени во врска со употреба на насилството, каде владите ги заобиколуваат основните аспекти како што се образованието, превенција, програмите за јавно здравје, и вистински мерки против перењето пари и оштетување на моќта на мафиите кои ја контролираат трговијата со дрога на високо ниво.
Во секоја држава политиките на дроги си носат свои последици, како што се: стигматизација и прогонување на земјоделците; драстични казни против луѓе кои продаваат мали количини на дрога, додека големите картели остануваат непроменети; затворање, убиства и напади врз мигранти, млади луѓе и луѓето кои живеат во сиромаштија, кои се појавуваат како „совршени виновници”; двојните стандарди на општествата кои ја толерираат несразмерната употреба на алкохол, попречуваање за едукација за други супстанции кои предизвикуваат завист, стигматизација на културата на предците кои користеле супстанции и растенија како алтернативни третмани за различни болести.
Од големо значење да се знаат овие приказни со цел да се засилат сите перспективи околу ова комплексно прашање, кое треба да се разгледува од сите можни агли.
На овој линк се достапни сите критериуми, наградите и каде да се аплицира за натпреварот.