Меѓународната младинска конференција „DIVE 3: Zero to One>1 to N“ со фокус на темата социјално претприемништво и млади ќе се одржи викендов (25-27 октомври) во просториите на Универзалната сала во Скопје.
На конференцијата ќе присуствуваат четириесет (40) активни младински лидер од 16 земји (Северна Македонија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Полска, Словенија, Јужна Африка, Перу, Никарагва, Португалија и Коста Рика) кои ќе дискутираат за тоа како младите луѓе можат да го поддржат процесот на креирање на здрав еко систем за социјално претприемништво во нивните земји.
Конференцијата треба да резултира со препораки и предлози за промоција на младинското вклучување во процесите на формално овозможување на социјалното претприемништво.
Конференцијата ја организира Младински Сојуз – Крушево со поддршка од Европска комисија- Еразмус плус програмата.