Од 2 до 4 декември, Центрот за Балканска Соработка „Лоја“ ќе биде домаќин на Меѓународната Конференција за мултикултурно образование. Kонференцијата се одржува во партнерство со Универзитот„ Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Универзитетот во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, „Гоце Делчев“ од Штип и „Св. Климент Охридски“ од Битола.
„Поради моменталната ситуција, конференцијата ќе се одржи во хибридна форма, што ќе им овозможи на учесниците да ја следат или со физичко присуство во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово или онлајн преку ZOOM платформата“, соопштуваат од „Лоја“.
За време на конференцијата, 18 научни апстракти ќе бидат презентирани од поголемиот број апстракти што беа примени од различни делови на светот. Останатите апстракти ќе бидат достапни за пошироката публика во книгата на трудови.
„Целта на оваа конференција е да ги истражи начините на кои мултикултурното образование функционира во различни контексти, да се создаде платформа каде што ќе се дискутира за неодамнешните случувања во науката и да им се даде мотив на академците, истражувачите, практичарите и студентите да ги споделат своите најдобри практики и научени лекции на оваа тема. Нашата конференција се обидува да ги истражи различните патеки поврзани со промовирање на филозофијата на социјална правда, правичност и вклученост, да ги истражи практиките и искуствата за мултикултурното образование. Ја признава културната и етничката разновидност како национална сила што ја збогатува структурата на општеството. Таа има за цел да олесни мултидисциплинарна дебата и платформа меѓу научниците кои ги разгледуваат неодамнешните случувања“, велат од „Лоја“.