Вечерва (13 септември), во средното училиште „Шаип Јусуф” во Шуто Оризари со почеток од 18.30 часот ќе се одржи првата Меѓународна ромска поетска вечер насловена „Ромска душа“ во организација на Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо ило” – Скопје.
Како што е најавено, на поетската вечер со свои литературни творби ќе настапат поети од Северна Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Германија, Италија, Белгија и Шведска.
Песните што ќе бидат промовирани на поетската вечер тематски кореспондираат со заложбите за афирмација на ромскиот јазик, ромскиот урбан живот, секојдневните навики и на традицијата и во нив.
Влезот е бесплатен.
Повеќе детали може да најдете тука.