Меѓународниот суд на правдата донесе одлука дека Израел мора да се погрижи неговите сили да не вршат геноцид, но и да спречат поттикнување на геноцид. Судиите соопштија и дека Израел мора да преземе итни мерки за подобрување на хуманитарната ситуација, јавува Радио Слободна Европа.
Израел мора да се погрижи да се зачуваат доказите за вршење наводен геноцид. Судот нагласи дека одлуката спаѓа во меѓународната обврска на Израел.
Израел во рок од еден месец мора да пријави до судот што прави за исполнување на одлуката.
Јужноафриканската Република во својата тужба до меѓународниот суд исто така побара итно запирање на воената операција во Газа, но судот не нареди примирје.
За мерките гласаше мнозинството од судскиот совет, односно за поголемиот дел од мерките гласаа 15 од вкупно 17 судии. Во повеќето случаи, против беа судиите од Израел, а во сите случаи против беше судијка од Уганда.
Одлуката доаѓа по процесот што Јужноафриканската Република го започна на 29 декември пред Меѓународниот суд на правдата, главното правосудно тело на Обединетите нации, во кое бара од Судот да воведе итни мерки за да му нареди на Израел да ги прекине своите операции во Газа.
За време на изрекувањето на одлуката, пред зградата на судот се одржаа протести на кои учествуваа неколку стотици луѓе.