Утре со почеток во 20 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе се отвори Интернационална детска ликовна изложба „Лидице“.
Изложбата е организирана од страна на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Чешка.
Детската ликовна изложба претставува репродукција на најдобрите дела создадени од деца од целиот свет. Покрај уметничките цртежи создадени од деца од Чешка, ќе бидат изложени и ликовни творби од Азербеџан, Белорусија, Бразил, Бугарија, Кина, Куба, Египет, Грузија, Индија, Индонезија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Латвија, Севрена Кореја, Полса, Романија, Русија, Србија, Црна Гора, Сингапур, Словачка, Шри Ланка, Турција, Украина, САД и Зимбабве. Меѓу овие цртежи има и четири кои се создадени од деца од Македонија.
Целта на изложбата е да ги потсети посетителите на трагичното палење на селото Лидице во Централна Бохемија на 10 јуни 1942 година, настан кој стана симбол на страдањето на невини луѓе не само во Република Чешка, туку и во целиот свет.