Мексикански новинар убиен додека бил под полициска заштита

Мексикански новинар кој известуваше за насилен криминал е убиен додека бил под полициска заштита, јавува „Би-Би-Си“.

Засега непознати вооружени лица го застрелале Алехандро Мартинез додека патувал во автомобил со двајца телохранители во централната држава Гванахуато.

Мартинез, познат како „Синот на осамениот ренџер“ починал во болница од раните од куршуми што ги здобил во нападот.

Мексико е една од најнебезбедните држави за новинари во своетот, со повеќе од 150 медиумски работници убиени од 1994 година, според Репортери без граници.

Мартинез кој имаше педесетина години водеше популарен медиум на Фејсбук со повеќе од 340.000 следбеници. Тој беше под полициска заштита откако го преживеа нападот во 2022 година кој го стави во животна опасност.

Локалните власти изјавија дека напаѓачите пукале од пикап врз автомобилот во кој се возел Мартинез со своето обезбедување.

Полицијата изјави дека телохранителите возвратиле со пукање, но не успеале да го спасат новинарот кој бил погоден во глава. Други извори велат дека од заскитан куршум била погодена и жена во соседниот автомобил.

Мартинез во едно интервју пред три години изјави дека чувствува неверојатна болка и тага сведочејќи ја штетата што се прави во регионот со зголеменото ниво на насилство.

На Мартинез му беа доделени телохранители од страна на федералната програма за новинари кои добиваат закани по живот, соопштија од владата.

Неговото пукање е последното во низата на смртоносни напади врз новинари. Претходно овој месец, Фредерико Ханс, новинар од градот Каборка во северната држава Сонора беше застрелан и ранет додека влегувал во својот автомобил паркиран пред неговиот дом. На 29 јуни, Виктор Кулебро беше пронајден мртов на автопатот во јужната држава Чиапас.