Мексичкото министерство за култура тврди дека „Зара“ употребила народни принтови познати за домородната заедница „Микстека“, пренесува „Гардијан“.
Мексико ги обвини интернационалните модни брендови „Зара“, „Антрополоџи“ и „Патол“ за културно присвојување, тврдејќи дека тие искористиле народни шари од домородни групи во своите модни дизајни без никаков придонес за заедниците.
Во своето соопштение, министерството нагласило дека испратиле писма потпишани од министерката за култура Александра Фраусто до трите компании, во кои било побарано јавно објаснување на која база компаниите го приватизираат колективното и народно сопствеништво.
Од министерството истакнале дека компаниите се инспирирале од дизајните создавани во југозападниот реон Оксака и повикуваат компаниите да им платат на домородните заедници.
Од Министерството за култура исто така, посочиле дека дизајните на компанијата рефлектираат древни симболи кон околината, историјата и светогледот на заедницата, кои се слични со традиционалните „хујпил“ фустани – дел од женскиот идентитет, за чија автентична изработка е потребно повеќе од еден месец.
„Зара“ е во сопственост на најголемата светска фабрика за алишта, „Индитекс“, од каде изјавилде дека „дизајните не се намерно „позајмени“ или инспирирани од уметноста на Микстека заедницата во Мексико.
Од Министерството за култура исто така посочиле дека „Антополоџи“ која е во сопственост на „УРБН“ ископирала вез на дизајн, препознатлив за заедницата Миксе.
Од „Антополоџи“ уште немаат коментирано за тврдењата на министерството.
Во последните неколку години, во фокус е големата заработка и профитот кој го прават дизајнерите при внесување на автентични дизајни во своите модели, без притоа да ја нагласат инспирацијата, или пак да им исплатат дел од заработката на заедниците од каде ги преземаат дизајните.
Овој проблем е исклучително голем во Мексико, каде веќе стотици години големите западни модни брендови „позајмуваат“ народни везови и шари од домородното население кое најчесто се бори со сиромаштија, за потоа дизајните да ги продаваат за стотици илјади долари.
Минатата есен, Мексико се изјасни дека нема да го толерира културното присвојување на автентичните локални дизајни без некаков повраток, со цел да се заштитат правата на домородното население кое историски гледано е невидливо.