Во Мексико, политичарите размислуваат за воведување на закон за криминализација на екоцид. Пратеничката Карина Марлен Барон Пералес го поднела предлог законот пред мексиканскиот конгрес.
Додека уништувањето на животната средина веќе е криминал во бројни земји, препознавањето на екоцидот во Мексико ќе значи „секое незаконско дело сторено со знаење дека постои шанса за долготрајна штета на околината“. Доколку се усвои, оние што ќе бидат казнети за екоцид, ќе се соочат со петнаесетгодишна казна затвор и парична казна.
Мексиканскиот предлог закон за екоцид е дефиниран од интернационална група на адвокати во 2021 година.
Виетнам, Украина и Русија се земји кои веќе го криминализирале екоцидот, додека Франција го криминализирала во 2021 година, иако активистите сметаат дека законот може да биде поригорозен.
Слични предлог закони се поднесени и во други земји, вклучувајќи ја и Холандија. Белгија се очекува да финализира своја верзија од законот, додека каталонските власти се обидуваат да го криминализираат екоцидот според генералниот шпански закон.
Во Шкодска, парламентарката Моника Ленон се обидува да воведе предлог-закон за екоцид, а јавната расправа е најавена за есенва.
Во Бразил, каде уништувањето на дождовните шуми се опишува како криминал, во јуни беше поднесен предлог закон за екоцид.
Родриго Ледо, член на панелот што ја разви дефиницијата за екоцид, изјави дека бразилскиот закон е првиот предлог-закон од ваков тип во Јужна Америка.