Мексико стави целосна забрана за пушење цигари на јавни места, вклучувајќи ги и хотелите и плажите.
Претходно забраната се однесуваше само за во јавен превоз, барови, работни места и ресторани. Од 15 јануари годинава владата го прошири законот за да ги вклучи сите внатрешни и надворешни јавни простори како што се хотели, одморалишта, паркови, плажи и било кое место каде може да има деца.
Единственото легално место каде може да се пушат цигари во Мексико е внатре во домовите или на приватни отворени простори.
Мексико во моментов има еден од најстроги закони против пушење во светот. Туристите што пушат на јавно место, според Ројтерс може да добијат казна од 46 до 277 евра. Тие кои ќе одбијат да платат може да се соочат со 36 часа затвор.
Покрај обичните цигари сега во Мексико е заострен и законот за електронски цигари и вејпови. Овие уреди сега не смее да се внесуваат, продаваат или користат на јавно место.
Покрај Мексико во моментов слични ограничувања за пушење имаат и Ирска, Грција, Унгарија и Малта.