Коалиција „Менуваме“ утре (7 септември, вторник) од 18 часот организира нов протестен марш кој ќе се одвива од Влада до Собранието, под мотото „30 години заборавени, неразбрани и неприфатени“.
„Менуваме“ бара слуш од државата за, како што велат, остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост.
„Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост. Се надеваме на поголема инволвираност од страна на државата како систем, бидејки според сите Конвенции, ЕКЧП, прашањето на попреченоста е и политичко прашање.
Исто така, напоменуваат дека после одржаната средба во Владата, владините претставниците побарале од „Менуваме“ да издвоијат три приоритетни барања, за кои тврдат дека до денес немаат одговор.
„Докажаа и покажаа дека децата и лицата со попреченост 30 години се заборавени, неразбрани и неприфатени! Ова се неколку точки, дел од барањата. Прво, покачување на додаток на попреченост од 7.100 на 12.000 денари. Посебниот детски додаток да се покачи од 5.100 на 10.000 денари. Додатоците да се изедначат со минималната плата во Државата во следниве 2 (две) Години. Второ барање – симнување на границата од 26 на 18 години. Трето барање – Симнување на годишната границата за користење ортопетски помагала. Внесување на лицата со попречен вид з користење на мерачите за шекер. Мерачи за притисок и топломер з категоријата слепи и слабовидни лица. Четврто барање – Регистар за лица со попреченост, дневни центри и центри за рехабилитација. Цениме, сега и веднаш!“, стои во најавата за протестот.
Од „Менуваме“ велат дека Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.