По финализирање на онлајн фазата која се одвиваше од 17 до 23 март, „MESA Spring Fest“ преминува во завршница со физичко присуство.
Тимовите кои се изборија за позиција, во онлајн делот од овој настан, со почеток во 15 часот овој петок и 11 часот во сабота и недела ќе се натпреваруваат во две исклучително популарни видео игри и тоа „Counter Strike: Global Offensive“ како и „League of Legends “ во просториите на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ.
„По подолга пауза предизвикана од Ковид-19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Spring Fest“ е организиран согласно протоколите за превенција на Ковид-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, односно на Twitch.tv/mesa_esports“, најавуваат од Македонската е-спорт асоцијација (МЕСА).