Јуни е месец на гордоста и славење на правата на ЛГБТИ+ заедницата, а во земјава овој јуни се случуваат и 10 години од одржувањето на автентичниот квир фестивал „Скопски викенд на гордоста“, како и третиот марш на гордоста – „Skopje Pride“.
Оттука во „Јасно и гласно“ зборуваме за напредокот на правата и препреките со кои сѐ уште се соочуваат лицата на ЛГБТИ+ заедницата во екот на среќниот месец кога низ целиот свет одекнуваат слоганите за споделување љубов, прифаќање и овозможување еднаквост.
Нашите гости во емисијата се Славчо Димитров од Коалиција Маргини, воедно куратор на „Skopje Pride Weekend“, Јована Јовановска правната советничка при Центарот за поддршка на ЛГБТИ лицата во Македонија, воедно и дел од организацијата на скопската парада на гордоста и Дејан Сламков водител на шарениот поткаст „Save our children“.
Новинар: Ангела Бошкоска