Месинџер ќе известува ако некој направи „скриншот“ на порака што исчезнува

Основачот на Фејсбук и извршен директор на матичната компанија Мета, Марк Закерберг, ги предупреди корисниците на Фејсбук Месинџер кои праваат „скриншот“ од нивните разговори, пренесува Индепендент.

Тој објави дека со ажурирањето на апликацијата, Месинџер ќе ги извести корисниците доколку некој направи „скриншот“ од нивниот разговор. Сепак, ова важи кога е вклучена опцијата за исчезнување на пораки (vanish mode).

Во соопштението Закербер наведува и дека додаваат ГИФ, налепници и реакции на шифрираните разговори.

Соопштението следи по ажурирањето на широко користената платформа Фејсбук Месинџер што им овозможува на луѓето да изберат опција нивните пораки да исчезнат.

Функцијата досега беше воведена во САД и се очекува да биде воведена за корисниците на Фејсбук во Европа во наредните недели.

Ривалските платформи за пораки веќе нудат опции за исчезнување на корисничките пораки, како и известувања кога од разговорот е направен „скриншот“.

Извештаи сугерираат дека потегот на Фејсбук е одговор на загриженоста околу безбедноста и правата на слобода на говорот.