Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) најави дека ќе поднесе кривична пријава против Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) поради испратено писмо до директорите на училиштата со кое се врши притисок врз вработените кои се членови на СОНК.
Претседателот на МЕСО, Драги Јовановски, денеска на прес-конференција рече дека со
писмото СОНК врши класичен притисок врз вработените кои се членки на СОНК за да не
можат да се отчленуваат од синдикатот.
Обвини дека во изминатиот период СОНК наместо да ги унапредува, ги уназадила правата на просветните работници.
Јовановски најави дека како МЕСО ќе се заложат за враќање на правата и достоинството на
просветните работници, за исплата на К-15, за напредок во кариерата, враќање на социјалниот дијалог и потпишување на колективни договори.
Синдикатот МЕСО е и против зголемување на старосната граница за пензионирање.
Извор: МИА