Мет Дејмон: Нашиот проблем е граѓанската послушност

Последниве денови на социјалните мрежи се прошири говорот на американскиот актер Мет Дејмон, кој веќе стана вистински хит.

Мет Дејмонд : Нашиот проблем е граѓанската послушност

Станува збор за извадок од текст на историчарот и активист Хауард Зин (1922-2010), воедно и пријател на Дејмонд, кој истиот говор го одржал уште во 1970 година во тек на дебата за граѓанска непослушност. Актерот го прочитал текстот за време на фестивалот “Louder Than a Bomb” кој на почетокот на годинава се одржа во Чикаго. Некои тврдат дека тоа е повик за револуција, а сите се сложуваат дека е инспиративен говор кој не би требало да го пропуштите :

„Почнувам од претпоставката дека светот е превртен наопаку. Погрешни луѓе се во затвор, а погрешни луѓе се надвор од него. Погрешни луѓе се на власт,а погрешни луѓе немаат моќ . Богатството во оваа земја , но и во остатокот од светот , е распределено така што не бара само мала реформа туку огромна прераспределба. Почнувам од претпоставката дека за оваа тема не треба многу да се дискутира , бидејќи е доволно да размислиме за состојбата на работите за да сфатиме дека се искоренети. Ако не размислувате и слушате што е на телевизија, мислам дека ќе почнете да увидувате дека работите не се толку лоши или дека проблемите се некои ситници. Сепак, морате на момент да се оддалечите од сè и да се вратите наназад, за на правилен начин да го согледате светот и да се ужасните од него.

Граѓанската непослушност не е наш проблем . Нашиот проблем е граѓанската послушност. Нашиот проблем се луѓето од целиот свет кои послушно прифатиле наредби од владетелите и почнале војни, а милиони луѓе се убиени поради оваа послушност. Тоа го видовме во Германија од нацистите. Знаеме дека проблемот во овој случај била послушноста. Луѓето го слушале Хитлер. Тоа било погрешно. Требало да му одолеат. Дури и во Русија, за време на владеењето на Сталин , луѓето биле послушни. Како стадо . Дали се сеќавате на деновите кога луѓето си дозволуваат да се експлоатирани од феудалците ? Тоа беше време на очај.

Денес имаме западна цивилизација. Владеење на правото . Владеењето на правото го уреди и зголеми неправдата која преовладуваше пред владеењето на правото. Тоа е она што го направи владеењето на правото. Во сите земји на светот , владеењето на правото е миленик на владеачите и потчинување на народот. Тоа би требало да го препознаеме. Ние мора да ги надминеме тие национални граници во нашите размислување. Никсон и Брежњев имаат повеќе заедничко отколку ние и Никсон. Џеј Едгар Хувер имаат повеќе заедничко со шефот на руската тајна полиција отколку со нас. Меѓународата преданост на законот и редот е она што ги обединува светските лидери . Тоа е причината зошто ние сме секогаш изненадени кога ќе се сретнат , се смеат , ракуваат и пушат цигари . Во реалноста тие се сакаат, без оглед на тоа што го кажуваат.

Она што ние се обидуваме да го направиме, претпоставувам, е да се вратиме на принципите во духот на Декларацијата за независност . Овој дух е спротивставување на нелегитимните власти и сили кои на луѓето им го одземаат правото на живот , слобода и потрага по среќа . Под овие услови , Декларацијата им дава право на луѓето да го укинат овој облик на владеење. И да, акцентот беше ставен на укинување. За да го направиме ова, ние ќе мораме да излеземе надвор од законот .

Да престанеме да ги почитуваме законите кои од нас бараат убиства, ваква распределба на богаството и затворање на луѓето поради ситници додека во исто време сторителите на тешки кривични дела се надвор од затворот. Се надевам дека овој вид на размислување ќе завладее не само во мојата земја , но исто така и во остатокот од светот , бидејќи на сите ни е потребно. На луѓето во другите земји им е потребен духот на непослушност. Тоа не е прашање на метафизиката , туку прашање на моќ и богатство, и нам ни е потребна Декларација за меѓусебна зависност меѓу луѓето од сите земји кои се стремат кон иста цел.“

Извор