Метал фестивал во Хавана на 15 февруари

Метал фестивал во Хавана на 15 февруариЗимското издание на Diehard hardcore фестивалот ќе се одржи на 15 февруари во клубот Хавана во Скопје. Овојпат на сцената се четири бендови од три држави.

Концертот ќе го отвори младиот металкор бенд од Скопје, GEARS, кои во моментов го снимаат нивниот прв албум. Од Софија ни доаѓаат REDOUND. Една од најсилните beatdown hardcore банди не само во Бугарија туку и на Балканот. Момците издадоа албум за Spook Records, а имаат издадено и сплит и мини цд. Од Белград за прв пат во Скопје, THE BRIDGE. Тие се хардкор банда составена од членовите на Hitman и Deadrise. Крајот на 2012-та излегува нивната прва плоча за Farewell records и веќе имаат завиден број на концерти низ регионот.

Фестивалот ќе го затворат легендите на Македонскиот хардкор, SMUT, кои лани го издадоа својот четврти албум “Мемоарите на скршениот човек”. Момците на концертот ќе ја прослават својата седумнаесетгодишнина како бенд.

Концертот ќе се одржи на 15-ти февруари во клубот Хавана во Скопје. Цената на билетот изнесува 200 денари. Почетокот е закажан за 20:00 часот.

http://www.facebook.com/pages/Gears/375781915818469
http://www.facebook.com/redound.bulgaria
http://www.facebook.com/thebridgehc
http://www.facebook.com/smutmkhc
http://www.facebook.com/diehardbooking

supported by:
http://www.facebook.com/Zografamps

poster design:
http://www.facebook.com/plasticartmk