„Years In Vain“ се вика албумот на мелодичниот дет/дум метал состав „Ruststained“, кој вечерва во скопскиот клуб „Маракана“ најави концертна промоција на ова музичко парче.
„Се надеваме дека ќе дојдете и уживате во албумот! Влезот е бесплатен!“, стои во најавата за настанот, каде вратите ќе бидат отворени од 21 часот, а почетокот е во 21:45.
Албумот на „Ruststained“ е достапен за преслушување на сите платформи.
Се работи за дебитански албум на „Ruststained“, иако скопскиот бенд е формиран уште во 2011 година.