Создаден е нов тип на ткаенина која испушта жештина, но ги чува луѓето ладни за време на високите температури, пренесува „Euronews“.
Научниците од Универзитот за наука и технологија во Вухан, Кина, создале „метаткаенина“ преку комбинирање на ситни влакна од тефлон, титаниум оксид и полилактична киселина со поголеми влакна од обични ткаенини.
Доколку е успешно, откритието ќе допринесе за намалување на непријатноста на луѓето кои се справуваат со зголемени температури и жештини.
Големината на честичките е искористена така што сите тие на различен начин делуваат како радијатори. Тефлонот и титаниум диоксдот рефлектираат ултравиолетова светлина на ист начин како што делуваат кремите против сонцето, додека полилактичната киселина испушта инфраред светлина, наместо да ја привлекува.
„Преку контрола на структурата, нашата „метаткаенина“ има скоро совршена емисија на инфраред, со што максимално ја намалува топлината“, изјавил научникот Гуангминг Тао, кој ја предводел студијата.
Тимот имал и истражување каде волонтер седел на сонце носејќи облека која половна била создадена од „метаткаенината“, а половина од обичен памук.
Температурата на кожата која била покриена со „метаткаенината“ пораснала за еден степен, од 31 на 32 степени, а температурата на кожата која била покриена со памук стигнала до 37 степени целсиусови.
Резултатите покажуваат дека „метаткаенината“ е најефикасна кога е во бела боја, иако има потенцијал за индустриско боење. Истовремено, „метаткаенината“ е најефикасна кога е во контакт со кожа.
„Метаткаенината“ се покажала како ефикасна и кога се користи како прекривка за автомобили.
Три автомобили биле оставени на директна сончева светлина, додека еден од автомобилите бил заштитен од „метаткаенината“, еден автомобил бил заштитен со обична заштита, а третиот автомобил немал никаква заштита.
Автомобилите биле оставени на сонце од 11 часот претпладне, до 1 часот попладне. Температурата во незаштитениот автомобил била 60 степени, температурата во автомобилот со обична заштита била 57 степени, а температурата во автомобилот заштитен со „метаткаенината“ била 30 степени.
Температурата во незаштитениот автомобил не е далеку од највисоката температура од 71 степен која може да ја развијат возилата оставени на сонце. Таа е доволна за да се испржи јајце, а може да предизвика и изгореници од трет степен.
Глобалните брендови за облека се заинтересирани за „метаткаенината“ на Тао и неговиот тим, а целта е „метаткаенината“ да се искористи за шиење на секојдневни парчиња облека.
„Метаткаенината“ не е пионер во ткаенините за облека, со тоа се занимава и еко-брендот „Полартек“ чии ткаенини ги користат „Адидас“ и „Прада“.
„Оваа технологија без проблем може да се воведе во модерното произведување на алишта. Се надеваме дека нашите производи ќе бидат достапни за една година“, додал Тао.