Девелоперот на популарната MMO RPG игра „Елдер скролс онлајн“, Мат Фирор вели дека „Метаверзумот (на Закерберг) не е успешен токму поради тоа што се игнорираат игрите кои развиваат виртуелни светови веќе 20 години”, пренесува Мета.мк.
„Тоа не е нешто ново, престанете да го претставувате како новитет”, додава тој.
Кога прв пат беше најавен „Метаверзумот“ во 2022 и 2023 година, при што беа презентирани аватари, веројатно гејмерите што веќе играа ММО-а како Elder Scrolls Online си велеа „чекај малку, па истово веќе можам да го правам во игра што ми дозволува да имам нозе“.
Врвот на идејата за „Метаверзумот“ е имплементацијата на опрема за виртуелна реалност, но и тоа беше употребено за гротескни глупости како што се гледа во следното видео каде “Вистински пастор виртуелно крштева аниме девојка додека мечето Вини д Пу гледа“:
Некои игри имаат специјални нивоа за таканаречено „Player Housing“ односно домување на играчите каде може да поканат и други играчи, Guild Wars 2 има „Home Instance“, WoW има „Garrisons“, а Elder Scrolls Online се одликува со најдоброто правење на дом во играта. Почнувате со изнајмена соба во таверна во која ќе ставите неколку предмети, а потоа можете и да поседувате простор во вид на хали од замоци со акватични градини и тоа неколку различни одеднаш каде ставате мебел, статуи, украси, книги итн.
Всушност и реакцијата на девелоперот не е случајна што доаѓа од човек што се бави со проблематиката каде нашле најдобри решенија од сите активни игри особено ММОа. Еве како изгледа правењето цели замоци како приватни домови на играчите во ESO (Elder Scrolls online):
„Метаверзумот беше главна тема до пред година дена, така? Оваа година сите теми се околу ВИ (Вештачка интелегенција) и никој повеќе не зборува за Метаверзумот… моите најрани игри беа базирани на текст, без графика, беа и те како виртуелни светови каде се среќаваа луѓе и разговараа меѓусебно и се забавуваа“, вели Фирор.
Тој исто така вели оти ова се прави веќе 20 години. Не е нешто ново и не треба да се третира како нешто ново. Побарајте „инпут“ од луѓето што веќе го прават ова подолго време.