Овој пат, „Контра кадар Скопје“ ќе одржи проекција во среда, наместо во досегашниот редовен термин, понеделник. Фокус ќе биде австрискиот сценарист и режисер Михаел Ханеке и неговиот филм „Скриено“(2005).
„Скриено“ е психолошки трилер кој раскажува за еден брачен пар кои се тероризирани од страна на серија видео касети оставени пред нивниот куќен двор.
„Caché e добар избор, како претставник на Ханеке за тие кои до сега не се запознале со режисерот, а тие кои го познаваат ќе им биде “задоволство” да го гледаат повторно.
Ханеке е автор на филмови кои го оставаат гледачот често во психолшко-социјална мисла. Често во шок и терор, со изненадни и долги кадри пробува да предизвика емоција кај гледачот. Тој како што и самиот кажува пробува филмот да го искористи како средство со минимална манипулација која на гледачот би му пренела битна опшетствена порака/мисла, па затоа и неговите филмови се често критикувани како тешки, неразбирливи, одбивни“, се вели во најавата за настанот.
По проекцијата следува дискусија, на која ќе се постават прашањата:
Како секој го разбира Ханеке?
Дали неговиот филмски јазик е функционален за да се пренесе порака?
Дали постои причина за насилство во филм, и како е тоа доживувано, каков ефект има?
Дали хуманоста има граници? Дали карактерите на Ханеке служат за подобро запознавање со насилници?
Проекцијата ќе започне во 20 часот, во кино Култура и е бесплатна.