Михаела Трајкоска во Влада: Најголема дилема со која се соочувам е дали да заминам од нашата држава

Почитувани министри,почитуван премиере.

Најголема  дилема со која се соочувам изминативе години е каде да ја градам мојата кариера. Дали да останам со моите пријатели и роднини и мојата кариера да ја градам тука или да заминам од нашата држава. Верувам дека со оваа дилема се соочуват и најголем број  од моите врсници. Иако знаеме дека се вложува за да се реши проблемот со невработеноста, сепак статистиките покажуваат дека невработеноста кај младите  е се уште на високо ниво, изнесува 45.8 %.

Постојат повеќе фактори кои влијаат на невработеноста, но како најзанчајни се:

Најголем број од работните позиции во агенциите за вработување не бараат високо образование, туку средна стручна спрема.Често пати се прави дескриминација на средото стручно образование и се усмеруваме да завршиме високо образование. Заради  тоа потребно е во градовите да има кариерни центри кои ќе ги насочуваат младите во однос на потребите на пазарот на трудот.

Постои негативна перцепција на средното стручно училиште и кај наставниците , родителите  и децата. Потребно е да се зголеми квалитетот на ССО и државата да придонесе да се сузбие негативната перцепција кон ова образование.

Следниот проблем се несоодветни работни услови.

Има многу млади со високо образование, но нема работни позиции кои се соодветни за нивните квалификации. Работат работа која е несоодветна на нивното образование и вештини.

Друг проблем се и ниските плати кои често пати делуваат демотивирачки на младите. Потребно е владата да воведе мерки со кои ќе ги стимулира фирмите да вработуваат млади.

Сите овие проблеми водат кон клучниот проблем, а тоа е иселување на младите или т.н  одлив на мозоци. Државата вложува во образованието на тие млади,а тие се принудени да заминат во некоја друга држава.

Се надевам дека кога ќе го завршам моето средно образование, нема се уште да имам дилема дали да останам во нашата држава. Но за ова да биде реалност за мене и моите врсници потребно е да бидат решение на  проблемите,кои не тераат да си заминеме од сопствената држава.

Ви благодарам.

Михаела Трајкоска

*Говорот беше кажан на средбата „За децата, од децата“ на деца и млади со премиерот Зоран Заев, министри и членови од Владата по повод Светскиот ден на децата и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата на ОН