Истражувачи од Нов Зеланд пронашле микропластика, што е штетна и за растенијата и за луѓето во деветнаесет примероци од снег, пренесува „Гардијан“.
Пронаоѓањето на микропластиката во свежо паднат снег на Антартикот за првпат значи дека таа може да поттикне топење на снегот и мразот и претставува закана за екосистемот на континетот.
Микропластиката, која е помала и од зрно ориз, претходно е пронајдена во мразот на морето и на површината на водата, но ова е прв пат таа да е присутна и во свежо паднат снег.
Истражувањето е извршено од страна на докторантот Алек Авес е објавено во научното списание „Криосфера“.
Микропластиката се содржи во целата планета, од врвот на Монт Еверест, па сè до дното на океаните.
Пронаоѓањето на микропластиката во свежо паднат снег на Антартикот за првпат значи дека таа може да поттикне топење на снегот и мразот и претставува закана за екосистемот на континетот.
Микропластиката, која е помала и од зрно ориз, претходно е пронајдена во мразот на морето и на површината на водата, но ова е прв пат таа да е присутна и во свежо паднат снег.
Авес ги собрал примероците од снегот во 2019 година за да испита дали микропластиката е присутна и во атмосферата.
„Ова е многу тажно, бидејќи сега имаме доказ дека микропластиката е присутна и во атмосферата, односно загадувањето од микропластика се случува и во најоддалечените и скоро ненаселените места на светот“, изјавил Авез.
Бидејќи микропластиката се наоѓа насекаде, луѓето веќе подолго време ја внесуваат во телата преку јадењето и дишењето. Според друго истражување, честичките микропластика може да ги оштетат човечките клетки.
Авес пронашол во просек 29 честички од микропластика во литар стопен снег, а биле пронајдени 13 видови на микропластика. Најприсутен вид била микропластиката од пластични шишиња и облека.