Потпретседателот на „Самсунг електроникс“ денеска доби претседателско помилување, а владата во Сеул образложи дека е потребен на чело на најголемата компанија во земјата за да го води економското закрепнување по пандемијата со коронавирусот, пренесува Данас.
Милијардерот Ли Џае-јонг беше осуден минатиот јануари за поткуп и проневера и ќе биде „вратен на работа“ за да „помогне да се надмине економската криза во Јужна Кореа“, рече министерот за правда Хан Донг-хун.
Станува збор за симболично помилување, бидејќи Ли кој според неговото богатство е 278-та најбогата личност во светот е условно пуштен на слобода во август 2021 година.
Тој одлежа 18 месеци затвор, нешто повеќе од половина од неговата првична казна. Помилувањето ќе му овозможи на 54-годишниот, де факто шеф на „Самсунг“ целосно да се врати на работа.
Ли беше помилуван заедно со уште тројца бизнисмени.