Милион луѓе во Англија кои никогаш не пушеле цигари сега редовно вејпаат

Нова анкета во Англија покажува дека има значително зголемување на бројот на нередовни пушачи кои почнале да користат вејп. Станува збор за милион возрасни луѓе кои почнале да вејпаат, а инаку не пушеле тутунски цигари.

Истражувањето објавено во четвртокот открива дека има седумкратно зголемување на бројот на возрасни лица кои се корисници на вејп од 2021 година. Зголемувањето е главно поттикнато од младите луѓе со 14% на возраст од 18 до 24 години кои не биле редовни пушачи сега активно пушат електронски цигари.

Сара Џексон, една од авторите на студијата и главна научна соработничка во Истражувачката група за алкохол и тутун на Универзитетскиот колеџ во Лондон вели дека влијанието на резултатите од анкетата врз јавното здравје зависи од тоа дали овие луѓе инаку би пушеле цигари.

„Веројатно е дека некои би пушеле доколку вејпот не беше опција, во овој случај користењето вејп е очигледно помалку штетно. Но, за оние кои инаку не би пушеле цигари, редовното вејпање на подолг период предизвикува поголем ризик“, изјави Џексон.

Во анкетата одговориле повеќе од 153.000 луѓе во периодот од 2016 до 2024 година. Речиси 60% од анкетираните не биле регуларни пушачи што значи дека одговориле дека никогаш активно не пушеле повеќе од една година.

Вејповите за еднократна употреба сѐ подостапни, но тешко се рециклираат