Луѓе низ САД, Мексико и Канада побрзаа да најдат место за да го гледаат реткото целосно затемнување на Сонцето што треба да биде видливо денес (8 април) во трите земји, пишува „Гардијан“.
Феноменот на целосно затемнување се случува кога месечината се поместува точно на средината меѓу Земјата и Сонцето со што ја блокира сончевата светлина.
Северна Америка нема да види друго целосно затемнување на Сонцето во следните две децении, поради што се очекува милиони луѓе да допатуваат до таму за да го просведочат небесниот настан.
Патеката на месечевата сенка е наречена „патека на тоталитетот“, која за време на денешното помрачување ќе биде широка 185 километри и ќе се движи низ 15 држави во САД со северо-источна насока, од Тексас до Мејн почнувајќи во 13:30 часот по централно време и заваршувајќи во 15:35 или за околу шест часа од сега.
Според НАСА, како што пишува „Би-Би-Си“, овој настан ќе се разликува од претходните по тоа што короната на Сонцето (неговата најоддалечена обвивка) ќе биде повидлива од претходно целосно затемнување што се случи во 2017 година, и тоа се должи на зголемената активност на Сонцето за време на настанот.
Помрачувањето во 2024 година ќе биде видливо речиси 2 минути подолго отколку претходното, во 2017 година.
Сега е подолга и „патеката на тоталитетот“, што значи дека затемнувањето ќе може да го видат повеќе луѓе отколку претходно. На месечевата патека живеат околу 31.6 милиони луѓе, што го дуплира бројот на луѓе споредено со претходното помрачување.
„99% од луѓето кои живеат во САД ќе можат делумното или целосното затемнување од местото каде што живеат“, пишува на веб-сајтот на НАСА.